Правила и услови


Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на www.dedomraz.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија.

Дедо Мраз МК ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.


1. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Дедо Мраз МК ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Дедо Мраз МК не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.


2. ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Дедо Мраз МК ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Дедо Мраз МК користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на www.dedomraz.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Дедо Мраз МК во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.


3. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на пакетчето порачано по електронски пат, при што истото ќе биде доставено од Дедо Мраз МК преку партнер за достава, под следните услови:

  • Доставата на пакетчето се врши до куќниот број на живеалиштето на избраното дете од листата составена од Љубезност, со помош на Пост Експрес бесплатно.
  • Пакетчето и неговата цена ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
  • Плаќањето може да биде со кредитна/дебитна картичка.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и начинот на испорака, купувачот може да ги контактира страните инволвирани во иницијативата Дедо Мраз МК на наведените телефонски броеви или да постави прашање во делот за контакт на оваа веб страница.


4. РОК НА ИСПОРАКА

Главна определба е брза испорака на своите производи до децата. Рокот на испорака на пакетчето изнесува од 2 до 3 дена (во зависност од условите).


5. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ВО ВРСКА СО ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Цената на пакетчето и на нашата веб адреса: www.dedomraz.mk е изразена во денари со вклучен ДДВ. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во иднина.


6. РЕКЛАМАЦИИ

Купувачот може да пријави рекламација преку:

  • Испраќање на мејл на било која од страните во делот Контакт на оваа веб страница преку телефонски повик на броевите оставени на страницата.

7. ОПШТО

Дедо Мраз МК не одговара за евентуални мали измени во однос на пакетчето прикажано на фотографијата на официјалната веб страна. Фотографијата прикажана на веб страницата www.dedomraz.mk е од информативен карактер, а вистинскиот изглед на секое пакетче, со декларираната содржина може да се погледне на продажните места на Витаминка.